Инфлуенсерка од Русија, Марина Балмашева (35), се омажила за својот посвоен син Владимир (20). Марина, која во Русија се прославила поради нејзиниот процес на слабеење на „Инстаграм“, сега повторно ја шокираше јавноста, со принзанието дека се венчала со Владимир, кој кога го запознала, имал само седум години.
Марина била омажена за таткото на Владимир, Алексеј (45). Двајцата биле 13 години во брак, пред да се разведат. Кога нивниот брак завршил, таа започнала врска со неговиот син Владимир.
Руските медиуми пренесуваат дека Марина со поранешниот сопруг Алексеј посвоила пет деца и во моментов живее со Владимир и уште три деца кои ги има посвоено. Другите две деца, живеат со нејзиниот поранешен сопруг Владимир.
„Не се чувствувал како стара жена која мора постојано да подготвува нешто по дома. Поради него се чувствувам како млада и среќна девојка“, изјавила Марина и додала дека не се плаши, ако Владимир ја остави за некоја помлада.
Нивната врска веќе некое време ја тангира руската јавност, а Марина добила голем број критики, откако неодамна на „Инстаграм“, објавила заеднички фотографии со Владимир од времето кога била омажена за неговиот татко, а на која тој има само седум години.
Текстот Инфлуенсерка од Русија се омажила за својот посвоен син е превземен од Reporter.mk.