Откако Британецот Ијан Расел ги обвини првите луѓе на Инстаграм дека и тие сносат дел од одговорноста за смртта на неговата 14 годишна ќерка Моли, од компанијата ветија дека ќе донесат ригорозни контроли и забразни за објавување на какви било фотографии кои укажуваат на самоповредување.
Најавени се низа на промени на правилниците кои вклучуваат забрана на објави кои прикажуваат каков било облик на самоповредување, но и отстранување на се што повикува на тоа, па дури и претраги и траги со исклучителна поединечна содржина кои можеби укажуваат дека некој е во опасност.
Од друга странам фотографиите со рани кои се излечени, ќе останат дозволени. Министерот за здравство на Велика Британија Мет Ханкок пред некој ден го повикал на разговор Адам Мосери, шефот на Инстаграм. Ханкок и претходно го сврте вниманието на тоа дека социјалните мрежи би требало да направат повеќе по повод обликувањето на влијанието кое го имаат на животите и менталното здравје на тинејџерите.
Instagram is changing their policy to make sure that people are not able to see photos, hashtags or even search photos of self-harm.https://t.co/ysVRyGBYTk
— KFI AM 640 (@KFIAM640) February 10, 2019
„Ништо не ми е поважно од безбедноста на лицата кои користат Инстаграм. Не сме стигнале до ниво на кое сакаме да бидеме, што се однесува до прашањата на самоповредување и самоубиство. Мораме да направиме многу повеќе за најранливите членови во нашето опшстество. На мени е одговорноста да го издејствувам тоа. Посветени сме на пронаоѓање и отстранување на такви содржини, а соработуваме и со експертите за да пронајдеме начини за давање на поддршка на луѓето на кои им е најпотребна“, изјавил Мосери.
Ваквата одлука е донесена откако Расел, таткото на Моли изнесе обвинувања дека социјалната мрежа допринела за тоа да неговата ќерка крене раце од себе си. Моли почина во 2017 година, на 14 годишна возраст. По нејзината смрт, нејзиното семејство на нејзиниот Инстаграм налог открила содржини поврзани со депресија и самоубиство.
Текстот Инстаграм ги менува правилата по самоубиството на 14 годишно девојче е превземен од Reporter.mk.