Марк Цукенберг на годинашната конференција на „Фејсбук“ најави големи промени на сите платформи на оваа компанија, меѓу која е и „Инстаграм“. Цукенберг планира да ја воведе опцијата на приватен бројач на лајкови. Тоа значи дека корисниците нема да можат да видат колку лица означиле дека им се допаѓа вашата објава.
Од компанијата објаснуваат дека луѓето постираат на социјалните мрежи само поради бројот на лајкови. Тоа е вистинскиот начин да добијат потврда од другите за нивната популарност. Популарноста на социјалните мрежи се оценува според бројот на лајкови кои одреден пост ги добил.
Техничкиот блогер Џејн Манчун Вонг споделила на своите блогови и социјалните мрежи дека во блиска иднина постои можност никој, освен вас, да не знае колку лајкови има вашиот пост. Таа ваквиот контроверзен потег на „Инстаграм“ го објаснила со тоа што на овој начин се тестира промената на корисничкиот интерфејс.
Џејн вели дека се тестира опцијата јавноста да може да го види вашиот пост и да види дека истиот бил лајкуван, но да не го означи конкретниот број на лајкови.
Таа вели дека ова ќе претставува сериозен удар за инфлуенсерите на социјалните мрежи, кои се потпираат на бројот на лајкови за да покажат колку тие се популарни. На тој начин тие ја контролираат нивната цена.
Од „Инстаграм“ го објаснуваат ваквиот потег, велејќи дека сакаат луѓето бидат следени врз основа на тоа што го споделуваат, а не врз основа на тоа колку нивните постови генерираат лајкови.
Текстот „Инстаграм“ ќе го трга бројот на лајкови, инфлуенсерите во паника е превземен од Reporter.mk.