Иранската Анџелина Џоли во затвор се заразила со коронавирус, па завршила на респиратор

Сахар Табар од Иран, позната како зомби Анџелина Џоли, се заразила од коронавирус завршила во затвор во Иран, па завршила во болница на респираторна машина, пренесува „Дејли Меил“.

Нејзините адвокати барале да ја пуштат од затвор поради коронавирусот, но тој предлог бил одбиен. Па, откако здравјето на Табар се влошило, а таа имала потешкотии со дишењето, од затворот ја однеле во болница, каде што ја ја ставиле на респираторна машина.

За потсетување, Табар е во затвор поради своите активности на „Инстаграм“. Властите ја обвиниле за богохулење, поттикнување на младите кон корупција, незаконско стекнување имот и непочитување на кодексот за облекување.

Таа стана популарна на социјалните мрежи откако нејзините фотографии, на кои потсетува на Анџелина Џоли, станаа хит во светот. Табар, чие вистинско име е Фатемех Кхишванд, направила многу пластични операции за да личи на славната актерка, но наместо тоа, луѓето почнале да ја споредуваат со мрвата невеста од истоимениот филм на Тим Бартон. Подоцна Табар тврдеше дека нејзиниот изглед не е резултат на операции, туку на шминка и дотерување.

Текстот Иранската Анџелина Џоли во затвор се заразила со коронавирус, па завршила на респиратор е превземен од Reporter.mk.