21-годишната Сахар Табар, позната како иранска Анџелина Џоли, е уапсена и задржана во притвор по голем број обвиненија, вклучително и богохулење и поттикнување насилство, пренесува „Гардијан“. Таа беше приведена по наредба на судот во Техеран, кој смета дека се занимава со културен криминал и морална корупција. Тие ја обвинуваат за богохулење, поттикнување на младите луѓе на корупција, незаконско стекнувањеа имот и непочитување на правилата за облекување.
Иранката се прослави во светот поради неуспешните пластични операции со кои драстично го смени својот изглед, бидејќи сакаше да наликува на холивудската ѕвезда Анџелина Џоли. Таа на својот профил на „Инстаграм“ постојано објавува фотографии од естетски интервенции. Таа, наводно, направила 50 операции и признала дека со години гладувала за да има само четириесет килограми.
Голема инспирација за неа е и ликот на „Мртвата невеста“, во која таа честопати се маскира.
Текстот Иранската Анџелина Џоли затворена поради богохулење и корупција е превземен од Reporter.mk.