Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески деновиве преку затворени проекции се промовира во Холивуд и им се прикажува на членови од Академијата за филмски уметности и науки коишто одлучуваат за кандидатите за Оскар од неанглиско говорно подрачје.
„Салата беше полна. Не очекувавме дека ќе дојдат сите поканети. Тоа се членови на Академијата и тешко доаѓаат сите на скрининг. Добивме преубави комплименти за филмот“, изјавил Ставрески за Гласот на Америка на македонски јазик и отркрил каква била атмосферата на досегашните проекции во рамки на промотивната кампања на „Исцелител“ за Оскар.
Македонскиот кандидат за Оскар е во конкуренција е со уште 87 филмови. Гласањето од Академијата е на 10-11 декември, а на 17 декември ќе бидат познати и филмовите кои влегле во потесниот круг.
Текстот „Исцелител“ во Холивуд го оценуваат за Оскар е превземен од Reporter.mk.