Жолтиот 544-каратен дијамант е откопан во рудник Диавик, сместен на северот на Канада, стотина километри јужно од Артичкиот круг, објавил во саботата весникот „Торонто Стар“.
„Дијамант со ваква големина е неочекувано да биде пронајден во овој дел на светот и значи голема пресвртница во ископувањето на дијамантите во Северна Америка“, објавила компанијата на интернет страницата Mining.com.
Пронајдениот скапоцен камен е еден од 30 најголеми дијаманти на светот. Компанијата соопштила дека дијамантот е со големина на јајце и нема да биде продаден во небрусен облик.
Наместо тоа, комапнијата Dominion ќе бара партнер за сечење и брусење на дијамантот, објавиле од ABC News. Компанијата напоменува дека е прерано да се зборува за вредноста на пронајдениот дијамант.
Досегашниот рекорд во Северна Америка бил дијамант исто така пронајден во северозападна Канада. Две милијарди долари стариот дијамант од 187.7 карати, наречен „Фоксфајер“, е откопан во 2015 година.
Најголемиот дијамант на светот 3106 каратен „Кулинан“ е пронајден во 1905 година во Јужна Африка.
Текстот Ископан најголемиот дијамант во историјата на Северна Америка е превземен од Reporter.mk.