Исланд е земја со најмногу писатели

Исланд е земја во која најголем број од луѓето се писатели, пишува „Би-Би-Си“. Во оваа држава секој десетти жител има напишано барем една книга. Оваа земја е значајна за писателите. Тука велат дека најлесно можат да најдат инспирација. Оттука почнала прочуената изрека дека секој жител има по една книга во стомакот.Низ историјата Исланд е познат како престолнина на сагата, историските митови, но и место на кое настанале првите романи во Европа. Сагите се инспирација на секој од 360.000 Исланѓани, пренесува „Би-Би-Си“.

Можете да ги најдете во книжевноста, на зградите, па дури и на салфетките. Оваа мала земја има повеќе од 30.000 автори. Писателите овде се многу почитувани, особено во градот Рекјавик.

Полициските романи се најбарани, но жанровите не се ограничени. Многу перспективни писатели доаѓаат да живеат на ова место. Ако сте љубител на книжевноста, тогаш ова место дефинитивно треба да биде на листата на вашите приоритети.

 

 

Текстот Исланд е земја со најмногу писатели е превземен од Reporter.mk.