Италијанската влада доделила 2,3 милиони долари оштета на мајката и братот на 15 годишно момче, кое сицилијанската мафија во 1996 година немилосрдно го мачела и на крајот го убила.
За да ги уништат сите докази неговото тело го потопиле во киселина. Џузепе ди Матео било момчето кое во 1993 година, било киднапирано од мафијаш, кој на почетокот му се претставил како полицаец. Тој му ветил дека ќе го однесе кај неговиот татко, Сантино ди Матео, кој во тоа време бил под полициска заштита.
Сантино требало да сведочи против негови поранешни соработници. Лажниот полицаец бил Џовани Бруск, еден од соработниците на неговиот татко, а бил познат и под надимакот Свиња, Колач и Егзекутор. Убил над 200 луѓе.
Во тоа време бил познат и како злогласен шеф на мафијата Салваторе Тота Рино.
#Mafia: 2.2 milioni alla famiglia di Giuseppe Di Matte, il bimbo sciolto nell’acido https://t.co/jzXaURzOCm
— Agenzia ANSA (@Agenzia_Ansa) July 22, 2018
Киднаперите го мачеле момчето речиси 800 дена од периодот од 1993 година до 1996 година. Целта на киднаперите била под уцена да дојдат до Сантино. Сантино бил уапсен поради учество во убиство на судијата Џовани Фалконе.
Овој судија ги водел судските процеси на голем број мафијаши. Сантино се согласил да им помогне на полицијата во истрагата и откривањето на сите поединости за атентатот и сведочел против мафијата. Бил првиот кој се согласил на вакво нешто.
Џузепе ди Матео бил киднапиран со цел мафијашите го заплашат неговиот татко, за да се повлече од сведочењето и сите искази. Мафијашите дури и му испратиле фотографии на кои се гледало како го мачат неговиот син.
Сантино се обидел да го спаси, но безуспешно. Конечно откако момчето поминало во заложништво 779 дена, а сведочењето на Сантино и понатаму било дел од судскиот записник, Бруск им наредил на кдинаперите да ги убијат Џузепе. Мафијашите го задавиле момчето, а неговото тело го потопиле во киселина за да ги уништат доказите и оневозможат семејството да организира почесен погреб.
Сега судот во Палермо на Сицилија, одлучил семејството да добие 2,3 милиони долари оштета. Парите ќе дојдат од фондот кој италијанската влада го формираше за надокнада на жртвите од мафијата. Во меѓувреме, Бруск бил уапсен во мај 1996 година, откако претходната година бил осуден во отсуство поради детонација на бомбата која го убила Фалконе. Во моментов тој ја издржува доживотната казна затвор.
Поради соработка, таткото Џузепе ди Матео е пуштен од затвор на почетокот на март 2002 година. Во интервјуто, Сантино изјавил дека никогаш нема да може да си прости поради тоа што се случило со неговиот син.
„Размислувам за тоа секој ден. Не разбирам како можат да постојат луѓе со толку зло во себе и на тој начин да постауваат со дете“, изјавил Џузепе.
Текстот Италијанец сведочел против мафијата, а таа го мачела син му 800 дена е превземен од Reporter.mk.