Италијанскиот министер за образование Лоренцо Фиорамонти изјавил дека професор во државниот универзитет ќе биде казнет поради објава на „Твитер“ во која го брани Адолф Хитлер.
Лоренцо објавил на „Твитер“ дека ректорот на Универзитетот во Сиена го известил дека има намера да преземе мерки против професорот Еманиел Кастручи.
Професорот под фотографијата на Хитлер со куче напишал: „Кажаа дека сум чудовиште затоа што не ве известив дека се борам против вистинските чудовишта, кои денес управуваат со вас, кои владеат со светот“, а во одговорот напишал дека Хитлер „иако сигурно не е светец, во тој момент ја бранел цела европска цивилизација“.
Ректорот Франческо Фрати ги оценил ваквите „ревизионистички и ненацистички“ постови како срамотни. Кастручи засега не одговорил на барањата на новинарите за каков било коментар.
Текстот Италијански професор го величел Хитлер на „Твитер“ е превземен од Reporter.mk.