Италијанската брачна двојка Севера Белоти (82) и Луиџи Карара (86) починале од коронавирусот во период од два часа, пренесуваат италијанските медиуми. Еден од нив починал во 9 часот и 15 минути, а другиот во 11 часот.
Двајцата ги поминале последните моменти од своите животи во изолација во градот во кој живееле Албино, во северната провинција на Италија, Бергамо. Нивниот син Лука Карара вели дека неможел да ги посети додека биле живи. Лука вели дека двајцата биле во нивниот дом седум дена и немале никаква медицинска помош. Имале температура од 39 степени.
Карара за локален весник изјавил дека неговиот татко пред да се пензионира работел како градежник. Луиџи бил однесен во болница заедно со неговата сопруга во саботата.
„Вашите сакани во вакви ситуации се оставени сами на себе и не можеш да се збогувал со нив, да им пружиш утеха, па дури ни да ги излажеш дека сè ќе биде во ред“, изјавил Лука.
Лука заедно со неговата сопруга и две деца поради опасниот вирус во моментов се наоѓаат во карантин.
Текстот Италијански сопружници кои биле заедно 60 години починаа од коронавирус два часа еден по друг е превземен од Reporter.mk.