Синоќешните мечеви во италијанската лица беа обележани од страна на сите фудбалери, кои на своите лица имаа ознака на црвена боја.
Челниците во Серија А, одлучиле да ја поддржат светската организација WeWorld Onlus која веќе 20 години се занимава со промовирање на правата на жените и со остра борба против секој вид насилство над понежниот пол.
Црвени ознаки се најдоа на лицата на вчерашниот капитен на Јувентус Марио Манџукиќ, Паоло Дибала и Португалецот Кристијано Роналдо.
Ronaldo and fellow Serie A stars will wear red mark on face to tackle violence against women Read more: https://t.co/0RQ9Nbs6fH @Cristiano @MauroIcardi #unrossoallaviolenza pic.twitter.com/TBmcd1fLp4
— Tuko.co.ke (@Tuko_co_ke) November 22, 2018
Ова е втор пат ваква акции да се одржи во Италија. Исто така и во април годинава играчите имаа црвени ознаки на лицата.
„Насилството е голем културолошки проблем. За да се реши овој проблем, нашите синови мораат да ги познаваат правата на животната вредност, а ние како постари тоа мораме да им го покажеме“, изјавил некогашниот италијански големан Франческо Толдо, кој исто така е воодушевен од оваа акција.
Текстот Италијанските фудбалери се „нашминкаа“ против насилство над жените е превземен од Reporter.mk.