Иван Исцелител го има чарето за загадениот воздух

Иван Исцелител го најде чарето како скопјани можат да се ослободат од загадениот воздух. Тој на социјалните мрежи напиша дека сите заедно треба да ги отворат прозорицте на 1 минута.

„Во ист момент сите во Скопје да ги отворат на 1 минта прозорците од домот и топлиот воздух од домовите ќе се крене и сите честички ќе ги крене високо во облаците, а ладниот и свеж воздух полека ниско ќе навлезе и ќе се реши проблемот веднаш“, вели Иван Исцелител.

Голем дел од скопјани се пошегуваа дека за иновативното решение, Иван треба да добие пари од фондот за Иновации, а други дека треба да се кандидира на следните избори за градоначалник.

Текстот Иван Исцелител го има чарето за загадениот воздух е превземен од Reporter.mk.