Крокодил од Зоолошката градина во Скопје излегол од своето живеалиште,се пршетал наоколу и пак се влегол во езерото со патките, потврдија од Зоолошката градина. Утрово, крокодилот бил најден во езерото и бил повторно вратнен во своето живеалиште. Според директорот на Зоолошката, Ѓорги Галетановски, настанот што се случил изутринава не бил единствен, тие и претходно имале дојави дека крокодилот излегува од своето живеалиште и дека треба да се смени ниската ограда.
„Крокодилите се млади и во добра кондиција, бидејќи сега влегуваат во пубертет. Тргнал ноќе да истражува. Констатиравме дека оградата треба да се смени, но решивме тоа да го направиме на пролет, бидејќи за кратко ќе заврши сезоната и ќе бидат на затворено. За среќа тој не изел ниту една патка, а зоолошката сè уште беше затворена“, вели Галетановски за БИРН.
Очевидци пак тврдат дека операцијата за враќање на крокодилот Гањо се одвивала додека Зоолошката била отворена и имало посетители. Во Зоолошката градина во Скопје има два крокодили, мажјак и женка.
Текстот Избега крокодилот од живеалиштето во скопската зоолошка е превземен од Reporter.mk.