Повеќе од 30 000 посетители на веб-страницата „Ракнер“ го избраа филмот „Самрак“ за најлош филм на сите времиња. Филмот, чиј прв дел беше снимен 2008 година и има пет продолженија, беше хит меѓу тинејџерите, но не и останатата публика. Филмот е сниман според книгите на Стефани Мејер, а главните улоги ги играа Роберт Патисон, Кристен Стујарт и Тејлор Лонтер. „Самрак“ ја раскажува приказната за љубовниот триаголник меѓу вампир, обична девојка и врколак.
Втор најлош филм на сите времиња е „Гигли“ со Џенифер Лопез и Бен Афлек во главните улоги, а на трето место е „Бетмен и Робин“ од 1997 година, во кој главните улоги ги играат Џорџ Клуни и Арнолд Шварценегер.
Текстот Избран најлошиот филм на сите времиња е превземен од Reporter.mk.