Профилот на инстаграм ѕвездата Кинси Волански е привремено суспендиран откако влезе на теренот на мечот меѓу Ливерпул и Тотенхем и за момент го прекина финалето во Лига на шампиони. Волански која на „Инстаграм“ имала повеќе од 300.000 следбеници, на социјалните мрежи редовно објавува провокативни фотографии.
Пред да стане ѕвезда на „Инстаграм“ Волански работела како модел, а позната е и по снимањето на реклами. Со моделство почнала да се занимава во Лос Анџелес. Оваа година глумела и во филм во Холивуд, Slasher Party.
„Дејли Мејл“ пишува дека Волански е девојка на „Јутјуб“ ѕвездата Витали Здоровецкиj, кој е сопственик на веб страница. Во 2014 година, Витали упаднал на финалето на Светското првенство, по што му е забранет влез на големи спортски настани, пишува „Јутарни лист“.
Текстот Избришан „Истаграмот“ на голата навивачка која го прекина финалето е превземен од Reporter.mk.