Швајцарерот Андреас Бирклиј ќе остане без милион швајцарски франки кои ги добил на извлекувањето на божикната лотарија, поради збрката што настанала за време на извлекувањето на добитниците.
За време на извлекувањето кое се емитувало на швајцарската телевизија SRF, во рамки на емисијата „Хепи деј“, т било извлечено името на Бирклиј. Телевизијата набрзо откако го прогласила за победник, му се извинила со објаснување дека дошло до грешка, поради технички проблеми, јавува швајцарски Blick.
Новото извлекување и прогласување на добитникот ќе биде одржано по Божик.
Riesen-Panne bei #SRFhappyday – der «Gewinner» bekommt die Million am Schluss nicht. Laut SRF ist @swisslos schuld. pic.twitter.com/8bdBpeT78f
— Blick (@Blickch) December 22, 2018
Svislos е организатор на швајцарската лотарија. Правилата налагаат секој играч да уплати по 10 швајцарски франки и да испрати ливче. Во последното извлекување се натпреваруваат 10 финалисти. Додека германскиот пејач Херберт Грунемајер и водителот Роб Колер се подготвувале за извлекувањето, имињата на потенцијалните добитници се појавувале на екранот позади нив.
Сите десетмина требало да се јават на телефон, откако организаторот претходно ќе ги побара и на тој начин ќе станат милионери. Според правилата на играта, во случај некој да не се јави, во игра влегуваат дополнителни имиња кои се извлекуваат.
Откако еден од десеттемина не се јавил, а друг не го напишал телефонскиот број, организаторите уфрлиле уште двајца потенцијални играчи, со броеви 11 и 12. Поради тоа што ниту 12. играч не се јавил, организаторите извлекле ново ливче со реден број 13. Во тој момент настанала збрка, затоа што на екранот се појавиле само девет имиња.
Како се ближел крајот на емисијата, организаторите по грешка рачно го ставиле 11. ливче, од каде бил извлечен Буркли, а Херберт Грумемајер, кој бил побаран на телефон, не се јавил. Водителот тогаш го најавил крајот.
Svislos подоцна преку соопштение се извинил на гледачите и учесниците. Од таму дале објаснување дека рачното извлекување морале да го направат поради техничките проблеми.
„Во големата збрка ставивме 11 имиња наместо 10, а дополнителниот беше извлечен“, велат во соопштението од Svislos упатено до јавноста.
Организаторите притоа нагласиле дека според правилата, играчот кој е прогласен за добитник не се квалификувал затоа што не се јавил на телефон. Буркли, како што соопштуваат од Svislos, ваквото одлука ја поднел „спортски“.
Текстот Извлекле добитник на милионска премија, па му се извиниле за техничката грешка е превземен од Reporter.mk.