Деновиве беше извршена трансплантација на коскена срцевина кај Сара Настеска од Охрид, 15-годишното девојче кое ја крена цела Македонија на нозе.
Добри вести доаѓаат од Германија каде што беше зафатот, а според информациите, Сара се чувствува добро.
– Пред два дена, на 12-ти декември се изведе трансплантацијата која се одвиваше во две фази. Прво од братот на Сара, Виктор беше земен потребниот примерок односно коскена срцевина, врз кој потоа беа извршени медицинските процедури и прилагодувања на истиот, а потоа истиот беше трансплатиран врз Сара. Во моментов таа е добра и позитивна. Сега, следува период на адаптација од неколку недели, во текот на кои ќе знаеме како организмот ќе го прифати третманот односно трансплатираната коскена срцевина, информира Горан, таткото на Сара.
Тој додава дека првичната проценка и од лекарскиот тим била дека трансплантацијата поминала добро.
Во име на целото семејство, тој уште еднаш исппрати голема благодарност до сите добри и хумани луѓе кои преку донации овозможија Сара да се лекува.
Текстот Извршена трансплантација на коскена срцевина на Сара Настеска е превземен од Reporter.mk.