Ја изгубила чантата и по 65 години ја добила назад

Марти Ини Ингам во 1954 година ја изгубила чантата во средното училиште „Џеферсонвил“ во Индијана, кратко пред матурската прослава. По речиси 65 години таа ќе ја добие чантата назад, заедно со поканата за матурската вечер која била внатре. Чантата на Марти ја пронашле градежни работници кои минатата недела требале да урнат дел од училиштето. Приказната за загубената чанта на Марти е објавена на „Фејсбук“ и таа е набрзо е пронајдена.

Во чантата на Марти освен поканата за матура имало и паричник со лични податоци, неколку фотографии, исечоци од весник, распоред на кошаркарски натпревари  и црвен кармин.  Внатре имало и писмо од момче кое ја прашало Марта дали сака да ја води на матурска вечер.

„Драга Марти, слушнав дека Паул веќе те прашал дали сакаш со него на матурска вечер – ако не, би ми било мило јас да те водам. Со љубов, Торчи. П.С: Ако веќе си прифатила да одиш со него на матурска вечер, те молам заборави дека некогаш сум те прашал. Ако те прашал, а сè уште не си прифатила, те молам размисли за мојата покана“, пишува во писмото.

 

Текстот Ја изгубила чантата и по 65 години ја добила назад е превземен од Reporter.mk.