Фудбалерите на Франција ја освоија втората титула светски првак. За тоа кој колку поединечно допринел за освојувањето на „Златниот глобус“ е тешко да се говори, но во тимот на „Триколорите“ сепак се издвојува еден играч.
Од 23 фудбалери во составот, 22 одиграле барем една минута во националниот дрес. Таа срќа сепак не ја доживеа Алфонс Ареола, а сепак се закити со златен медал.
Третиот голман на „Галските петли“ никогаш во кариерата не одиграл ниту една минута за Франција, но ќе биде запишан во историјата како освојувач на Мундијалот.
Ареола со тоа влезе во историјата како еден од тројцата играчи на кого тоа му успеа. Пред него вакво нешто се случило во 1982 година, кога Италијаните ја освоија титулата светски првак. Тогаш Франко Барези и Џовани Гали добија златен медал без ниту една минута настап за националниот тим.
Текстот Ја освои титулата светски првак, а ниту еднаш не заигра за Франција е превземен од Reporter.mk.