Ендру Флиндерс Тејлор од Мелбурн, учител и татко на две деца, пред една година одлучил да се ослободи од неговата зависност од храна. Во текот на една година тој јадел само компири и тврди дека содржат сѐ што му е потребно на човечкиот организам.
Во овој период тој успеал да ослаби 54 килограми и вели дека успеал во намерата да ја победи зависноста од храна.
– Храната нека ви биде досадна, а животот интересен – вели Тејлор во неговото прво видео кога решил да премине на овој екстремен режим на исхрана.
Текстот Јадел само компири и за една година симнал 50 килограми е превземен од Reporter.mk.