Јакната на Пеп Гвардиола продадена за 6.000 фунти

Сивата џемпер-јакна што менаџерот на Манчестер сити, Џозеп Пеп Гвардиола, ја носеше во текот на последната сезона во која освои три титули во Англија (шампионат, ФА-купот, Лига-купот) е продадена на добротворна аукција за 6.000 фунти.

По победата против Ватфорд во финалето на ФА-купот, Гвардиола изјави дека ќе ја даде својата препознатлива облека за добротворни цели. Клубот објави дека јакната ја купил нивниот американски обожавател Џејмс Хоџ. Парите собрани на аукција ќе се користат за обезбедување бесплатни оброци за семејствата во Манчестер за време на училишните празници.

„Воодушевен сум што се собраа толку пари за добротворни цели. Исто така, фантастично е што можеме да им дадеме на фановите нешто лично што ни помогна во постигнувањето неверојатен успех минатата сезона“, рекол Гвардиола по аукцијата.

Текстот Јакната на Пеп Гвардиола продадена за 6.000 фунти е превземен од Reporter.mk.