Јапонскиот милијардер и тајкун од областа на интернет-продажбата Јусаку Маезава (42) ќе биде првиот турист на Месечината. Тој има намера со себе да понесе и уметници од повеќе области, за сето тоа да биде еден голем уметнички проект, соопштија вчера заедно со претставници на Спејс-икс.
„Конечно можам да кажам дека ќе одам на Месечината и одбрав да одам со артисти“, изјави Маезава на официјалната објава на одлуката на компанијата.
Според „Форбс“, Јапонецот располага со речиси 2,9 милијарди долари. Тој исто така е и колекционер на уметнички дела, за што е подготвен да потроши и стотици милиони долари. Тој се надева дека нема да биде сам на патувањето и вели дека има „уште слободни места“. Летот е планиран најрано во 2023 година.
Текстот Јапонец ќе биде првиот турист на Месечината е превземен од Reporter.mk.