Јапонецот Акихико Кондо (35) се оженил со холограм од дваесет сантиметри, чие име е Хацуне Мика и за која платил околу 15.000 долари.
Хацуне Мика претставува 16 годишна кукла со долга сина коса, облечена во краток детски фустан. Мика е светлечка кукла која живее во капсула од која Конда не сака да се дели. Вели дека е обичен маж и дека одлично се согласуваат.
„Никогаш не сум ја изневерил мојата Мики-сан. Отсекогаш сум бил заљубен во неа. Секој ден мислам на неа. Мајка ми и роднините мислеа дека мојата свадба не е нешто што би требало да се прослави“, вели Кондо.
„Сопругата ме буди секое утро и со неа разговарам. Ме следи на работа. Попладне и јавувам дека доаѓам од работа. Таа ќе го запали светлото, подоцна ќе ме испрати во кревет“, вели Кондо.
Кондо планирал да направи и свадба на која ги поканил мајка му и роднините. И купил дури и прстен. Сепак семејството вели дека биле премногу понижени ѝ одбиле да присуствуваат на веселбата.
Кондо работи како администратор во школо. Овој брак во очите на законот не е легален, но Кондо не е премногу загрижен околу тоа. Тој не е единствен ваков случај. Компанијата „Гејтбокс“ досега издала над 3700 дозволи за венчање меѓу луѓе и холограми.
Јапонија е една од земјите со најнизок природен прираст. Младите се почесто избегнуваат сексуални односи и одбиваат да стапат во брак. Во просек една жена има 1,4 деца. Секој петти маж помлад од 50 години е неоженет.
Текстот Јапонец се оженил со холограм за кој платил 15.000 долари е превземен од Reporter.mk.