Ѕвездата на реалното шоу Кајли Џенер, една од сестрите во семејството Кардашијан, е најмладата милијардерка во светот. Минатото лето Џенер стана полнолетна, а прославата на 18. роденден ја дочека со милијарда долари во џебот.
„Отворив неколку трговски синџири. Нормално, ги користев и социјалните мрежи за да успеам, но немам некоја тајна како го остварив тоа. Сè се одвиваше случајно“, изјавила Кајли.
Кајли вели дека за да се осигурате за наредните 100 години живот, потребно е да се родите во богато семејство, но исто така е потребно и да имате чувство за бизнис.
Нејзината полусестра Ким Кардашијан тежи само 350 милиони долари, а економските новинари велат дека тоа е така затоа што не се сетила како нејзината сестра Кајли да почне со козметичка линија.
Компанијата на Џенер, Kylie Cosmetics, која произведува производи за разубавување, е проценета на 800 милиони долари, додека останатите 100 милиони долари Кајли ги вложила на разни манекенски и други кампањи.
Претходно титулата најмлад милијардер ја имал првиот човек на „Фејсбук“ Марк Цукенберг (34). Марк својата прва милијарда долари ја заработи на 23 години. Денес неговото богатство се проценува на околу 60 милијарди долари.
Пред Цукенберг оваа титула ја држел Бил Гејтс, првиот човек на „Мајкрософт“. Тој својата прва милијарда ја заработил на 31 година. Гејтс може да се пофали и со подебел паричник од Марк.
Неговата вредност, според светскиот бизнис-магазин „Форбс“, изнесува околу 100 милијарди долари.
Текстот Кајли Џенер е најмладата милијардерка во светот е превземен од Reporter.mk.