Како Американците ги гледаат Европјаните?

Во анкета спроведена на американскиот популарен онлајн форум „Редит“, Американците одговарале на прашањето: Што е тоа кое сте го доживеале како најголем културен шок за време на посетата на Европа?

Нудисти

Некои од нив изненадиле со плакати со голи жени на европските улици.

„Како тинејџер од Тексас бев во посета на германско средно школо и најголемиот шок ми беше плакатот со топлес жена на него, кој беше закачен на крајот од нашата улица. Толку време го гледав, што се сеќавам на него и по 20 години“, изјавил еден носталгичен корисник.

Безобразни Парижани

Американците сметаат дека Парижани се непријатни.

„Поради нив целата земја ја бие лош глас. Тие не се однесуваат безобразно само затоа што сте Американец, тие се скотови и едни кон други“, напишал друг корисник на „Редит“.

Страствени пушачи

„Луѓето пушат каде и да се појавите. Во рестораните, на улица, во кафичи“, напишал корисник на „Редит“. Него посебно го изненадило тоа што на аеродромите постојат посебни простории во кои луѓето можат да пушат додека го чекаат својот лет.

Време за пауза

Еден Американец кој патувал во Шпанија останал шокиран поради фактот што меѓу два часот и пет часот попладне никој ништо не работи.

Историјата не почнала со американската Декларација за независност

„Каде и да сте, имате чувство од историјата и староста на тоа место. Зградите се стари стотина, а можеби и илјадници години. Низ патиштата минале стотина генерации“, стои во еден од одговорите.

Жива историја

„Остатоците од двете светски војни се насекаде. Осотбено тоа е случај со границите и главните патишта во Германија и Чешка. Локалното население вели дека тие им служат како секојдневен потсетник на последиците од војната. Тоа ме фасцинираше“, напишал еден корисник на „Редит“.

Плати за привилегија

„Во Париз ме изненади тоа што морам да платам за користење на јавниот тоалет. Јавните тоалети во американските трговски центри можеби не се многу чисти, но драго ми е што не морам да платам два долари за голема нужда“, вели на крајот уште еден корисник на форумот.

 

 

 

Текстот Како Американците ги гледаат Европјаните? е превземен од Reporter.mk.