Ако сте пушач, тогаш сигурно веќе знаете за тоа колку цигарите влијаат врз вашето здравје. А, знаете ли како влијаат врз изгледот?
Сигурно не треба да ве потсетуваме на тоа дека пушењето е лошо за вашето срце, бели дробови, мозокот и дека може да доведе до некои сериозни здравствени проблеми. Но, пушењето не влијае само на вашата внатрешност, туку и на вашата надворешност.
Цигарите го смалуваат количеството кислород кој доспева до вашата кожа, поради што добива сива нијанса и го забрзува стареењето.
Пушењето може да влијае на вашиот изглед и на бројни други начини, а специјалистот за кожа, Патриша Боланд, открива како.
Кесички под очите
Кога нема да се наспиете доволно, веќе утредента имате подочници, а ако пушите, тогаш ги имате трајно.
Имено, пушачите спијат многу полошо од непушачите, поради недостатокот на никотин во телото во текот на ноќта. Со обѕир на тоа дека кај пушачите е постојно така, со текот на времето, кесичките стануваат сè поголеми и повпечатливи.
Рани брчки
Пушењето може да го забрза процесот на стареење на кожата и со тоа допринесува до рани појави на брчките. Колку повеќе цигари пушите во текот на денот и колку подолго пуштите, толку повеќе брчки ќе имате.
Експертите истакнуваат дека штетата која цигарите ја нанесуваат на кожата на почетокот е тешко да се забележи, односно дека тој ефект е видлив тек тогаш кога ќе биде доцна.
Инаку, пушењето доведува до појава на брчки така што никотинот во цигарите ги шири крвните садови и го ограничува дотокот на крв, кислород и нутриенти кои ѝ се потребни на кожата.
Жолта кожа
Никотинот не само што ќе направи да ви бидат забите жолти, туку и ќе ви ги „обои“ прстите и ноктите. Никотинот се апсорбира низ кожата и слузницата на носот и устата, поради што останува и тој не баш пријатен мирис на цигарите.
Раните побавно зараснуваат
За да закрепне телото од некои рани, потребен му е кислород кој им помага на ќелиите да се обноват. Со обѕир на тоа дека цигарите го смалуваат количеството на кислород кој доспева до раните бидејќи ги шири крвните садови, на раните им е потребно подолго време за да зараснат.
„Го убиваат“ сјајот на кожата
Негуваната кожа на непушачот има природен сјај, но пушењето го „убива“, па кожата станува сува и делува уморно. Цигарите содржат и јаглен моноксид кој го „заменува“ кислородот во кожата.
Освен тоа, бидејќи пушењето ги шири крвните садови, со тоа се ограничува и дотокот на нутриенти како што е витаминот Ц, кој ја штити и обновува кожата.
Ве прави постари
Фините линии околу устата воглавном се поизразени како пушачите, поради движењата кои одново се повторуваат, а кои се прават при вовлекувањето на димот.
Покрај тоа, никотинот ја ослабува кожата на челото, околу очите, на вратот и градите. Студиите докажале дека пушењето го забрзува процесот на стареење и дека пушачите во просек изгледаат бар две години постари отколку што би изгледале кога не би пушеле.
Текстот Како цигарите ја уништуваат кожата е превземен од Reporter.mk.