Безбедноста секогаш треба да ни е на прво место. Со помош на неколку кодови на вашиот телефон можете да откриете дали некој ве следи.
А, еве и како:
Кога ќе искуцате #21# ќе можете да откриете дали сите ваши повици и пораки се пренасочени. Статусот на секоја информација ќе ви биде прикажен на екранот.
На екранот ќе се испишат сите сервиси, како и нивниот статус. Ако за некој од сервисите стои дека е Forwarded, тогаш некој го следи вашиот телефон. Состојбата на сите сервиси, би требало да бидат Not forwarded.
Оваа функција често ја користат љубоморните партнери или родителите кои се обидуваат да ги заштитат своите деца од разни криминалци. Постарите луѓе често стануваат жртви кога го позајмуваат телефонот на некој странец и со самото тоа ризикуваат некои информации за себе и своите најблиски да бидат откриени, како на пример каде живеат и сл.
002# е универзален код за исклучување на каков било вид на пренасочување на вашиот телефон.
Ако некој од сервисите се пренасочува, тогаш со помош на овој код ќе можете истото да го поништите. Поточно, со активација на овој код, ќе ги избришете сите пренасочувања на вашиот телефон.
Добра идеја е ова да го направите пред да отпатувате во странство каде што ќе ги користите услугите на роамингот. Во овој случај, немате да имате трошоци за повиците кои би ви биле пренасочени кон вашата говорна пошта.
Кодот *#62# се користи ако сакате да дознаете каде се пренасочени вашите повици, пораки и податоци за кои ви се чини дека никој не може да ги открие. Нормална состојба е вашите повици да бидат пренасочени кон говорната пошта на вашиот телефонски оператор, па затоа немојте да се изненадите доколку не го видите тој број.
Доколку некогаш сте се посомневале дека некој го следи и го прислушкува вашиот мобилен телефон, не би било лошо да обратите внимание на некои сигнали. Секако, треба да имате на ум дека проблемите во текот на разговорите може да бидат и од техничка природа, но експертите велат дека доколку ова ви се случува, веројатно некој ве прислушкува:
– Додека зборувате со некого, го слушате својот глас и ви се чини како она што сте му го рекле на соговорникот стига со неколку секунди задоцнување. Доколку ова честопати ви се повторува, тогаш имате причина за сомнеж.
– Батеријата на вашиот телефон е топла дури и кога не сте го користеле некое време. Исто така, телефонот морате да го дополнувате во текот на денот затоа што нешто ви ја празни батеријата.
– Се сеќавате ли како старите мобилни телефони му пречеа на телевизорот додека зборувате? Доколку ве прислушкуваат, би можело нешто слично да се случи доколку застанете крај телевизорот. Можеби нема да се појавуваат бели линии по екранот, но сигурно ќе го слушнете оној чуден звук.
– На андроидите им е потребно малку повеќе време дур да се вклучат и исклучат, меѓутоа доколку тоа предолго трае, тоа е добар знак дека можеби би требало да се загрижите.
Наш совет:
Пред да почнете да паничите, префрлете ја картичката во некој друг мобилен телефон и проверете дали повторно исто се случува. Проверете ги и уредите на вашите домашни. Доколку постои некој проблем само со вашиот апарат/картичка, тогаш ќе бидете сигурни дека некој сака да знае што зборувате.
Текстот Како да дознаете дали некој ви го прислушкува телефонот? е превземен од Reporter.mk.