Креаторот на расата куче лабрадудл, Австралиецот Воли Конрон, се покајал што го создал овој вид животно во 1989 година, нарекувајќи го неговата животна грешка. Австралискиот одгледувач на кучиња вели дека негова желба била да ѝ помогне на една слепа девојка од Хаваи која имала потреба од куче водич. Но, наместо тоа, Воли вели дека ја отворил Пандорината кутија и го ослободил Франкенштајн.
„Сопругата на еден човек од Хаваи беше слепа и имаше потреба од куче водич. Нејзиниот сопруг беше алергичен на долгото влакно што е типично за кучиња водичи како што се лабрадорите. Решението беше вкрстување на пудлица и лабрадор. На тој начин добив куче како што е лабрадудл, послушно и темпераментно, но со кратко и кадраво влакно“, вели Конрон.
Лабрадудл е неверојатно слатко куче и станало популарна раса на домашни миленици и покрај нивното генско наследство. Но, ваквиот експеримент имал и негативни последици. Овој вид куче има здравствени проблеми како што е епилепсија и дисплазија на колковите. Но, не само лабрадудлот. Здравствените проблеми се појавиле кај многу вкрстени раси и истите се чувствителни на наследни болести што им го отежнуваат животот и на кучињата и на нивните сопственици. Тоа е уште една причина поради која е подобро да вдомите куче отколку да купите.
По неговиот изум, вкрстените раси на кучиња почнаа да стануваат тренд низ светот. Конрон вели дека практиката ги поттикнала одгледувачите на пудлиците да ги вкрстуваат со „несоодветни“ раси, давајќи ѝ предност на симпатичноста наместо на здравјето на кучињата.
Конрон вели дека се чувствува како и многу изумители кои жалат поради нивната идеја. Таков е примерот со научниците кои ја измислиле атомската бомба, „калашников АК-47“, а од неодамна и творецот на расата лабрадудл.
Текстот „Како да го создадов Франкештајн“ – човекот кој ја измислил расата лабрадудл се кае за својот изум е превземен од Reporter.mk.