Како да ја комбинирате облеката со чевлите во разни бои?

Додека шетавте низ продавниците, забележавте совршени сини чевли, меѓутоа кога дошло време да ги облечете, сте сфатиле дека не знаете што да искомбинирате со нив.

Немојте веднаш да паничите, затоа што постојат совети и за тоа, кои притоа се многу едноставни, а сигурно имате и некои работи кои супер ќе се сложат со Вашиот избор на облека.

За почеток, постојат основни правила при бирањето боја на чевли:

  1. Битно е на облеката да имате некој детаљ кој е во таа боја на чевли. Па, дури и најмалата ситница ви „дозволува“ да ги купите тие чевли.
  2. Црни, сиви и боја на кожа, таканаречените „nude” чевли одат апсолутно со сѐ.
  3. Ако сте се одлучиле да носите само една боја – тоа е во ред, но обидете се да ја „разбиете“ со некој колан или накит во друга боја.

Сега можеме да почнеме со тренди боите на чевли и комбинациите на бои кои одат со нив…

1. Златни чевли

Покрај тоа што ова лето се во тренд, на сите им го одземаат здивот.

Со златната боја идат: смарагдно зелената, бојата на рубинот, тиркизната, црната и белата боја.

Носете ги со фармерки и црна или бела маичка за да изгледате тренди, а за покласичен избор бирајте облека која е во бојата на смарагдот, тиркизната или бојата на рубинот.

2. Сребрени

И овие исто така се потполно тренди. Ви треба само едноставен облик, а нивниот металик сјај ќе го дополни вашиот изглед.

Носете ги со индиго, црвена, црна, виолетова и бела боја.

За постигнување на тренди изглед, комбинирајте ги со индиго и бела боја. За покласичен изглед, сепак најдобро е да ги искомбинирате со црвена, виолетова и црна боја. Избегнувајте да ги носите со жолта боја.

3. Црвени

Црвените чевли се неизоставен дел од обушјето на секоја жена затоа што се многу секси и женствени.

Боите со кои се сложуваат се: розева, портокалова, бела, црна и темно сина.

Малку границите на трендот се померија, па сега тренди е да се комбинира со розевата и со портокаловата боја. Друга класична коминација е со темно сината, црната и сивата боја, а најдобра комбинација е со фармерки. Избегнувајте комбинирање со пастелна облека.

4. Портокалови

Ретко жените носат чевли со оваа боја, но зошто да не. Весела и летна боја која може да биде вистински погодок за вас.

Најдобри бои: земјени тонови, бела, црвена и жолта.

Комбинирањето со фармерки и бела маичка или блуза е полн погодок, додека портокаловата боја никако не се сложува со розевата облека.

5. Жолти

Храбра боја, која ги отвара очите и го прати летниот тренд.

Се сложуваат со сите нијанси на сината, црната, белата и зелената боја.

Никако не можете да ги комбинирате со розевата боја, затоа што не се сложуваат.

6. Зелени

Зелените исто така се ретко видени чевли, но генерално се преубави и се сложуваат со светло сината, модро сината, жолтата, црната, беж и кафената боја на облека.

Ако имате темно зелени чевли, а одберете светло зелена облека – тоа ќе биде најлошата комбинација и обратно.

7. Сини

Ова лето е најбараната боја на чевли затоа што го разубавува стајлингот на секоја жена која ги носи.

Сините чевли се комбинираат со жолтата, зелената, белата и кафената боја.

Со жолтата и зелената ќе изгледате тренди, а класичниот изглед ќе го постигнете со комбинирање на сината, кафената и белата боја. Никако немојте да ги носите со фармерки!

8. Виолетови

Виолетовата боја е прекрасна боја која ја бираат воглавно жени кои сакаат промени.

Неутралните бои и зелената се одличен избор кога носите виолетова боја на чевли, како и темно сината и розевата боја. Светло сината облека заборавете ја, затоа што никако не се сложува со оваа боја на чевли.

Текстот Како да ја комбинирате облеката со чевлите во разни бои? е превземен од Reporter.mk.