Веќе неколку сезони чизмите преку колена не ја изгубија својата позиција.
Ѕвездите на модната хроника докажуваат дека високите чизми можете да ги комбинирате со што било: со класични капутчиња и топли бунди, свечени одела и спортски фустанчиња, неутрална шминка и драматичен мејкап.
Без разлика дали ќе одберете модел со стабилна штикла, вртоглава потпетица, во каубојски стил или рамни – нема да погрешите.
Уличниот стил на ѕвездите оваа есен ги носат сите овие модели на најразлични начини. Меѓутоа, нивната главна функција останува непроменета: нозете да го привлечат вниманието.
Собравме неколку интересни примери со високи потпетици од хероините на уличниот стил. Инспририрајте се!
Текстот Како да носите високи чизми оваа есен е превземен од Reporter.mk.