Мравките можат да бидат многу здодевни и упорни. Тие ги унишуваат нашите градини, лазат по нас и создаваат мравјалници. Ова е начинот како да се спасите од нив!
Мравките можат да бидат проблематични шететници, но треба да се има на ум дека се корисни помагачи во градината. Се борат против другите инсекти. Би требало да се позанимаваме со нив кога ги има премногу и кога нивното присуство почнува да ни смета.
Билките кои се непријателски настроени спрема мравките
Моежете да ги засадите билките кои мравките не ги сакаат. На пример – босилек, невен, лаванда и далија. Ефективно со својот мирис ги тераат мравките да излезат од мравјалниците.
Цимет
Ако мравките напаѓаат некоја одредена билка, посипете ја со миризлив цимет. На ист начин можете да го заштитите влезот на мравјалникот, што ќе ги спречи да влезат и ќе ги натераат да ја променат стазата.
Прашак за пециво
Покрај циметот, прашакот за пециво ќе создаде бариера низ која мравките нема да сакаат да поминат.
Пченкарно брашно
Треба да се посее онаму каде што мравките се движат. Мравките не го сакаат мирисот на ова брашно.
Сипете зовриена вода преку мравјалникот
Ова е една од најдрастичните методи за спас од мравките. Можете да користите врела вода или оцет и со тоа да го поплавите мравјалникот.
Хемикалии
Можете да посегнете по хемикалиите кога методите од домашното производство не успеваат. На пазарот постојат многу препарати кои ефикасно ги убиваат мравките.
Текстот Како да се решите од мравките од градината? е превземен од Reporter.mk.