Минимализмот е тренд што трае веќе неколку години, а кој се протега во повеќе различни категории – од мода до убавина и генерално начинот на живот. Но, што значи да имате минималистички гардеробер? Станува збор за едноставноста – размислувајте за класични, скроени силуети во неколку неутрални бои кои ги нема многу.
Овој стил има многу предности, а еден од нив е заштедата на време во утринските часови во кои обично владее паника и прашањето „што да облечам“. Поради неутралните бои, секое парче облека може да се комбинира, така што секојдневно можете да имате поинаква комбинација. Значи, колку помалку бои имате, толку ќе ви биде полесно да управувате со облеката.
Исто така, не е лошо да си подготвите облека една вечер претходно. Но, и ќе заштедите затоа што нема постојано да купувате нови работи бидејќи ќе ви бидат доволни само неколку блузи, панталони и други додатоци.
На трето место е и заштедата на простор поради кои нема да имате метеж во орманот.
Дали би испробале ваков начин на организирање на облеката? Дознајте во продолжение…
Средете и исчистете го орманот
На прво место е ослободувањето на вишокот нешта што не сте ги носеле долго време или што не ви се допаѓаат. Сѐ исфрлете на кревет, а потоа редете ги во три купа: „задржувам“, „фрлам“ и „донирам“. Фокусирајте се на онаа облека во која се чувствувате удобно и која можете да ја носите одново и одново, а притоа да не изгледа старо и износено.
Побарајте инспирација
Доколку сте нови во овој минималистички стил, може ќе ви биде тешко да осмислите што ќе носите. Затоа тука се друштвените мрежи кои лесно ќе ви помогнат во тоа, како и ѕвездите на уличниот стил кои никако не смеат да се заборават.
Држете се до есенцијалните парчиња
Сега кога имате инспирација, исполнете (или дополнете) го вашиот гардеробер со есенцијалите:
– бела маичка
– тегет блејзер
– здолниште со а-крој
– темни фармерки
– бела кошула
– тренч мантил во кремаста нијанса
– кропирани црни пантолони
– свилена маичка на прерамки
– тексас јакна
– блуза на линии
– бели панталони
– мал црн фустан
– џемпер
Текстот Како до минималистички гардеробер? е превземен од Reporter.mk.