Пробајте детето да го вклучите што е можно порано во разни физички активности. Здравите навики се секнуваат рано и тогаш се задржуваат цел живот. Ако тренингот на детето му стане активност на која се радува, ќе знаете дека секогаш ќе бидете во форма, ќе живеете здраво и ќе имате кондиција.
Детето често ги имитира родителите, па затоа ќе се угледа на вашите одлуки и избори. Прошетката може да стане интересна активност и за детето и за родителите, која ќе ги зближи и ќе ги направи поздрави како семејство.
Во продолжение на текстот, дознајте како прошетката со детето може да стане интересен тренинг за сите.
Одредете ја дестинацијата
Прошетката како прошетка без некоја одредена цел, кај повеќето деца делува досадно. Крајната дестинација може да биде некој водопад, крај на пешачката стаза или некое интересно дрво, игралиште или езеро каде што можете да ги храните патките.
Исто така, можете да се задржите на интересните места. На тој начин, детето помалку ќе се фокусира на самата физичка активност, а повеќе на целта која го чека. Со текот на времето и вашето дете ќе има поголема кондиција, па ќе можете да преминете и на поголеми предизвици: качување на брдо или прошетка по песок, или свежа земја.
Награда за постигнатата цел
Иако наградите во текот на развојот на детето е тема која развива полемики, сепак ситните награди за остварените цели ќе му ја разбудат желбата за поголеми достигнувања и на тој начин ќе ја засака физичката активност.
Наградата не мора да биде голема или материјална, дополнителното време за игра пред спиење, уште една приказна пред спиење, нова облека за пешачење или здрава ужинка.
Понесете ужинка
Ако детето е раздразнето во текот на физичките активности, веројатно му снемало енергија. Овој проблем можете да го решите едноставно, така што ќе понесете здрави грицки за ужинка.
Можете да му дозволите на детето и самите да изберат кои грицки би ги сакала и каква ужинка би понеле на рекреација. На половина пат направете кратка пауза, изедете ја ужинката или посетете го омиленото кафуле.
Играјте игри
Прошетката може да му делува досадно на детето, дури и ако пејзажот е интересен. Детското внимание не може долго да се фокусира на само една работа.
За да детето не изгуби интерес за прошетка, понесете со себе креди или течност за правење балони. Ви советуваме да играте игри како што се „на буква, на буква“ или заедно да пробате да пронајдете некое животно или билка.
Одете со темпото кое му одговара на детето
Родителите грешат и се обидуваат да го натераат детето да оди побрзо. Ако барате од вашето дете да оди со вашето темпо, побрзо ќе се замори и прошетката ќе му стане напор и задача која никогаш повеќе нема да сака да ја изврши.
Испратете го темпото на своето дете, а должината на патот продолжувајте ја во склад со неговата форма. Ако прошетката навистина ви стане семеен ритуал и навика, со тек на време детето ќе може да помине поголема оддалеченост и ќе оди побрзо, затоа што ќе постигне кондиција.
Изберете велосипед
Постојат деца кои едноставно не уживаат во прошетката, слично како и возрасните. Тоа сепак, не би требало да го искористите како изговор за прескокнување на физичките активности.
Велосипедот, ролерите, скејтбордот или тротинетот ќе ви го направи патот поинтересен и побрз, а детето сигурно ќе ужива во активностите. За тоа време, можете да пешачите или и себеси да си купите некое слично превозно средство, па да се возите семејно.
Искористете ги нашите предлози и некоја физичка активност нека стане дел од вашето семејно дружење. Детето обожава да ги копира возрасните, па сигурно ќе сака да испроба сѐ она во што вие уживате.
Доколку наидете на ситни препреки во усвојувањето на овие здрави навики, потрудете се да не се откажете и заедно да ја стекнете кондицијата и да останете во форма. Со децата ќе создадете незаборавни спомени, а притоа ќе бидете поздрави и посилни.
Текстот Како прошетката со детето да ви стане интересен тренинг? е превземен од Reporter.mk.