Каков градник да одберете ако носите бела маичка?

Кога сакате градникот да ви се чини речиси невидлив под белата маичка или топот кој е проѕирен, тогаш  најдобриот избор е некој модел во беж нијанса, односно во боја на кожа која совршено ќе се согласува со тонот на вашата кожа. Белата исто така не е лош избор, но ќе се наѕира иако се согласува со бојата на маичката – што не е ефектот што го посакувате.

Секако, градникот не мора да биде во иста боја како и вашата кожа, битно е да биде неутрален и убаво да се вклопува.

Што се однесува до материјалот, најдобри се оние градници од микровлакна, тул и свила затоа што имаат  текстура која е најдобра за носење под бела маичка. Исто така, многу битно е да одберете градник со соодветната големина која вам ви одговара.

 

Текстот Каков градник да одберете ако носите бела маичка? е превземен од Reporter.mk.