Канада потврди дека Дедо Мраз постои

Официјални претставници од Министерството за миграции и бегалци во Канада, велат дека Дедо Мраз постои и дека тој е државјанин на Канада.

Од кабинетот на министерството не потврдија само дали Дедо Мраз и бабамразица се маж и жена. Велат дека не смеат да зборуваат премногу на оваа тема, за да не ја нарушат нивната приватност.

„Дедо Мраз и Бабамразица се канадски граѓани и живеат на Северниот пол“, изјавил портпаролот од Министерството за миграции и бегалци во Канада, Ахмед Хусен.

Неговиот колега Метју Генсет вели дека двојката секогаш била облечена во патриотски бои и дека се однесуваат во духот кој објаснува што значи да се биде Канаѓанин.

Од канадската Агенција за приходи, потврдиле дека имаат докази дека прочуената двојка од северот ги има подмирено сите свои даночни обврски.

„Одредбите за доверливост на Законот за данок на доход, ја спречуваат агенцијата да коментира конкретни случаи. Но, со посебен исклучок и со одобрение од господин и госпоѓа Мраз, на агенцијата ѝ е дозволено да изнесе некои доверливи информации“, изјавил портпаролот на агенцијата Мијкл Ханлон за телевизијата CTV.

Ханлон вели дека познатата двојка користи одредени бенефиции, вклучувајќи и одбивање на трошоци, нешто на што имаат право сите лица кои живеат во Северна Канада, или барем за сите кои живеат во шест последователни месеци во годината.

И додека повеќето возрасни луѓе во светот не веруваат, или не сакаат да веруваат во дедо кој целата година ги набљудува децата и ги оценува според нивното однесување, за на крајот од годината ги награди, Канаѓаните со гордост тврдат дека Дедо мраз постои и дека тој е канадски државјанин.

Тоа го тврдат дури и канадските официјални лица, кои отворено зборуваат не само за постоењето на Дедо Мраз туку и за неговите редовни плаќања на даноците.

„Со задоволство можеме да потврдиме дека оваа двојка секоја година уредно ги пријавува својот повраток на данок, уште откако постои архивот на нашата Агенција“, вели Ханлон.

Во поштата во Канада не сакале да го коментираат државјанството на господин и госпоѓа Мраз, но ја открија нивната адреса.

„Можеме да потврдиме дека кога Дедо Мраз ќе заврши со својот ноќен ангажман, тој се враќа на својата адреса на живеење на Северниот пол“, изјавил порптаролот на канадската Пошта.

Канада е член на Северноамериканската коменда за одбрана на воздушниот простор (NORAD), која со децее го следи движењето на Дедо Мраз. Го следи секој Божик, ширум планетата.

„Истите радари, сателити и пресретнувачи се ангажирани во текот на целата година во служба на заштитата на Канада и САД“, изјавил генерал Теренс Ошегенси од Норад.

Од таму велат дека во пресрет на ноќта на Божиќ ќе има погодни услови за полетување на Дедо Мраз и неговиот копилот бабамразица.

 

 

 

Текстот Канада потврди дека Дедо Мраз постои е превземен од Reporter.mk.