Кантри пејачот Џастин Картер, загинал за време на снимањето на својот нов спот во Тексас. Неговиот тим се огласил на социјалните мрежи и напишал дека пејачот кој настрадал случајно си пукал со пиштол во око.
Џастин го држел пиштолот во рака кој бил наменет исклучиво за снимање на спотот. Следниот момент тој се застрелал.
Пејачот починал вчера, а неговиот менаџмент објавиле дека Џастин во себе криел голем потенцијал.
„Многу луѓе во него го гледаа наследникот на Герт Брукс“, изјавил Марк Атертон, менаџерот на Џастин.
На „Инстаграм“ се огласила и мајката на Џастин Синди Меклин.
„Музиката му беше целиот свет“, напишала Синди.
Пејачот последниот спот го објавил пред две недели, а во него се појавуваат и сцени со пиштолот.
Текстот Кантри пејач се застрелал за време на снимање на спот е превземен од Reporter.mk.