Касандра се развесели на музиката на Цеца

Венецуелската актерка Кораима Торес која публиката ја памти како Касандра, од истоименаата серија, во екот на популарноста на серијата, заедно со актерот Хенри Сото (Ранду), ја посетија  Македонија, во склоп на балканската турнеја која ја вклучуваше и Србија.

Оттогаш таа редовно следи што се случува на Балканот, а била многу потресена поради немирите во 1999 година, кои се случуваа во Србија.

Како што пишуваат српските емдиуми, таа го обожава Новак Ѓоковиќ, но и слуша српска музика, особено хитовите на Цеца.

„Не разбирам ништо, но танцувам, ме развеселува тој ритам“, изјавила Кораима Торес.

Текстот Касандра се развесели на музиката на Цеца е превземен од Reporter.mk.