Сопственичката на еден римски ресторан, Моира де Лука, го отпуштила келнерот што на сметката на една хомосексуална двојка напишал погрден израз.
Групата за правата на геј-двојките во Рим соопшти дека добила повик од 21-годишно момче и неговиот партнер, кои се пожалиле на непријатната ситуација што ја доживеале во ресторанот, пренесува АП.
Римскиот печат наведува дека Де Лука изјавила оти ваков инцидент повеќе нема да се случи и дека планира да го тужи келнерот што му го нарушил угледот на ресторанот.
Текстот Келнер заработи отказ по навредата на хомосексуална двојка е превземен од Reporter.mk.