Ако сакате за себеси да изберете древен и моќен фенг-шуи талисман, обратете внимание на килибарот.
Можеби и не така често се варекува и тигрово око или јантар, но тоа не значи дека неговата сила е инфериорна во споредба со својствата кои ги нудат овие добро познати кристали.
Килибар – симбол со илјадагодишна историја
Додека килибарот најчесто се нарекува драгоцен камен, во реалноста тоа е смола од праисториските зимзелени стебла. Најстариот камен од килибар кој е пронајден на Земјата е стар околу 320 милиони години! Замислете само колку енергија содржат украсите направени од силната смола на овие древни билки!
Исто така, килибарот како украс е моќен заштитен симбол, а почнал да се користи во античка Грција, северна Европа и во древна Кина. Во секоја култура му се препишани неговите посебни својства. Најпознат меѓу љубителите на камења е жолтиот амбер.
Но, дали сте знаеле дека во светот постојат и: црвен, син и зелен камен со истото име? Исто така се користат за правење на преубави ланчиња и друг вид на накит.
Колкава е силата на килибарот?
Најдобариот квалитет на жолтиот вжарен камен е складирањето на огромна количина на древна енергија која со себе ја носи мудроста на земјата. Присуството на цврстите инсекти во смолата го претворуваат во магичен симбол. Луѓето веќе долго време веруваат дека тој носи мудрост, исцелување, топлина, радост и заштита. Но во азиските култури исто така е вообичаено луѓето да тврат дека тој содржи душа на тигар и дека присобрал храброст на борбен војник. Некои носеле со себе парчиња килибар кога оделе на долги патувања како заштитен талисман, а некои го користеле за лекување на жолчката која била вообичаена во дамнешните времиња.
Денес следбениците на Фенг Шуи тврдат дека килибарот:
– ја подобрува емотивната состојба на личноста
– привлекува среќа
– помага при развивањето на трпение и мудрост
– ја ублажува главоболката
– ја уништува негативната енергија
– го елиминира стравот
– го чисти умот
Ако ве привлекува топлата и древна енергија на килибарот, тогаш задолжително купете си мало парче од овој соларен камен. Меѓутоа, обратете внимание само на природните и необработени примероци.
Текстот Килибар – камен со душа на тигар и античка енергија е превземен од Reporter.mk.