Ким Џонг Ун има нова лимузина

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, за време на состанокот со неговиот американски колега Доналд Трамп, најмногу го привлече вниманието со неговата нова лимузина „Ролс Ројс“.Голем број експерти сметаат дека ако еден блиндиран „ролс ројс“ може да стигне во рацете на Пјонгјанг, тогаш Северна Кореја може да се снабди со се и сешто.Ким и американскиот државен секретар Мајк Помпео пред два дена договорија да организираат уште еден самит со претседателот Трамп, а освен разговорите меѓу двајцата официјални лица, големо внимание предизвика и неговиот нов автомобил.

Досега лидерот на Северна Кореја беше возен со посебно изработен „мерцедес“ чија цена со оглед на безбедносната опрема со кој беше опремен се проценуваше на околу 1,7 милиони долари.

Ким во „мерцедесот“ се возеше во април, а безбедносната придружба трчаше до него. Тоа се случи за време на самитот со претседателот на Јужна Кореја.

За тоа возило се верува дека е од моделот „Mercedes-Maibach Pullman Guard armored”, лимузина која има V12 мотор и која изобилува со дополнителна опрема.

Иако забраната на Обединетите нации јасно наведува дека Северна Кореја не смее да увезува никаква луксузна роба, диктаторската влада сепак успева да одговори на желбите на својот лидер.

Таткото на Ким, Џонг Ли наводно го задоволувал својот луксузен вкус така што ангажирал персонален куепец кој патувал ширум Европа, со куфери полни со пари, за да избегне меѓународни санкции, но и да набави скапоцени предмети за покојниот лидер на Северна Кореја.

 

 

Текстот Ким Џонг Ун има нова лимузина е превземен од Reporter.mk.