Ким Џонг ун како дете бил арогантен, насилен, алчен

Учителите и врсниците на Ким Џонг ун, откриле каков бил севернокорејскиот лидер како дете. Темпераментен, арогантен, насилен, експлозивен, алчен и самоуверен во класот.

Ким влегол во елитното школо „Libefeld Štajnhelcli“ во Швајцарија во близина на Берн од 1998 до 2000 година. Како што навеле неговите школски другари и наставници, Ким бил темпераментен, не умеел да губи и веројатно е дека бил над другите деца, вклучувајќи го и неговиот постар брат Ким Џонг чул.

„Ким барал голема лојалност од страна на другите деца. Тој бил склон кон насилство, имал две момчиња покрај себе кој често ги тепал“, вели изворот, додавајќи дека севернокорејскиот лидер не бил добар ученик, затоа шо вниманието му било насочено кон разни други работи.

Како помлад син, не бил кандидат за наследник на династијата, но неговите доминантни карактеристики го направиле да стане.

 

Текстот Ким Џонг ун како дете бил арогантен, насилен, алчен е превземен од Reporter.mk.