Ким Џонг Ун, лидерот на Северна Кореја, наредил секој граѓанин да произведе 100 килограми измет дневно, кое би го користеле како ѓубриво. На овој начин Ким сака да го раздвижи неефикасниот земјоделски сектор.
Ким во своето новогодишно обраќање, истакнал земјоделството ќе биде примарен инструмент на економската реконструкција.
„По говорот на Ким, целата популација е мобилизирана да произведува ѓубриво како прва голема задача оваа година. Властите во секој регион на работниците во фабриките, институциите и групи на граѓани, им дале квоти кои се однесуваат на секој поединец. Тие бараат секоја личност дневно да произведе 100 килограми човечки измет, односно три тони месечно“, изјавил изворот од провинцијата на Серен Хамгјонг, за „Радио Слободна Азија“.
Со оглед на тоа дека една личност во просек може да произведе две до три стотина грама измет, севернокорејската влада додала дека секој кој нема да успее да ја исполни квотата, наместо тоа ќе мора да собере 300 килограми компост. Луѓе од опкружувањето на Ким, кој не се согласуваат со ваквата одлука велат дека апсурно високите квоти ќе ги примораат луѓето или да собираат измет надвор по студот, или да им плаќаат на другите.
„Повеќето луѓе не можат да направат и соберат 100 килограми дневно, па даваат колку што мислат дека е доволно. Квотите се бесмислени“, вели изворот, кој сакал да остане анонимен.
Многумина ваквата мерка на Ким ја гледаат како начин на режимот да собере колку е можно повеќе пари од сиромашните луѓе.
„Властите ги охрабруваат луѓето да произведат повеќе ѓубриво, нагласувајќи дека на тој начин го овозможуваат виталниот поттик на земјоделскиот фронт, а со самото тоа и социјалистичкото движење воопшто. Луѓето сè гневни, го критикуваат режмот поради намерното поставување на така високи квоти за да бидат приморани да платат во кеш, а потоа тврдат дека ваквата намена е за земјоделско производство.
Плаќањето во готовина ја надминува вредноста на ѓубривата кои се испорачуваат, така што луѓето велат дека режимот само ја користи квотата како средство за собирање повеќе пари од граѓаните“, вели изворот.
Текстот Ким Џонг Ун наредил секој граѓанин да испорача 100 килограми измет дневно е превземен од Reporter.mk.