Северна Кореја донесе нов устав во кој официјално го именуваше Ким Џонг-ун за претседател на земјата и главен командант на војската.
Постои можност целта на новиот устав да се подготвува за мировниот договор со САД, наведува „Ројтерс“ повикувајќи се на неименувани извори.
Северна Кореја долго време се повикувала на мировниот договор со САД, со цел да ги нормализира односите меѓу двете земји и да ја заврши техничката состојба на војна, која трае од завршувањето на Корејската војна од 1950 до 1953 година. Потпишано е примерје, но не и мировен договор.
Во новиот устав, кој е објавен на државниот портал Naenar, е наведено дека Ким ќе биде претседавач на Комисијата за државни работи, највисокото управно тело, воспоставено во 2016 година, „врховен претставник на својот корејски народ“, што значи и шеф на државата и главен командант.
Во претходниот устав Ким е означен само како врховен лидер, кој командува со своите воени сили на таа земја.
Текстот Ким стана претседател на Северина Кореја е превземен од Reporter.mk.