Кимберли Мејс во емисија на каналот ABC открива низ каков пекол поминала додека била дете и живеела со нејзините родителите, кои ја украле од нејзината биолошка мајка кога таа се породила. Кимберли во 1978 година открила дека во породилиштето ја замениле со друго девојче.
Таа била заменета со Арлина Твиг веднаш по раѓањето. Виновник за замената биле Роберт Мејс и неговата сопруга Барбара, која тешко можела да забремени и која подоцна починала. Тие ги искористиле своите моќ и влијание и успеале да го убедат болничкиот персонал да ги заменат бебињата.
Kimberly Mays says today she “was never close” with Regina Twigg, the biological mother she went to court to divorce in 1993. #ABC2020 https://t.co/gl4lcUuagA pic.twitter.com/UjODGYckeR
— 20/20 (@ABC2020) November 30, 2019
За замената свесни биле и биолошките родители на Кимберли, Ернест и Реџина Твиг, кои јавно во едно интервју во 1993 година, ги обвинија дека им ја украле ќерката.
За замената подоцна дознава и самата Кимберли која по направената ДНК анализа ги запознала нејзините биолошки родители. Во наредните десет години Кимберли се преселила кај нив, а потоа повторно избегала и се вратила кај Роберт. Била проблематичен тинејџер и во повеќе наврати бегала од дома.
Кимберли раскажува дека на 11 години ги запознала нејзините биолошки родители. Нејзината мајка и раскажала како луѓето кои ја израснале, имале толку пари што успеале да ја платат замената.
Кимберли во интервјуто и раскажала на новинарката Барбара Волтерс, за сите непознати детали од нејзиното детство. Вели дека патела многу во детството, а исто така открива и дека и било тешко да го прифати нејзиниот нов идентитет.
Роберт и забранил да ги посетува нејзините биолошки родители, затоа што потфрлила во школо. Тој негирал било каква вмешаност во замената на бебињата. Истовремено двете семејства воделе судска постапка против болницата. Во такви околности, Реџина барала целосно старателство над Кимберли.
Genetic testing on Kimberly Mays eventually determined that babies Arlena Twigg and Kim had gone home with the wrong parents. #ABC2020 https://t.co/gl4lcUcyS0 pic.twitter.com/9TzTUKFtzU
— 20/20 (@ABC2020) November 30, 2019
Кимберли одбила да остане со нејзините биолошки родители и не сакала тие да имаат целосно старателство над неа. Таа на прашањето што би ѝ кажала на нејзината биолошка мајка кога би ја видела, одговорила – Би сакал да ми го врати животот, Нормалниот живот. Уништен ми е“.
На крајот Кимберли се изборила да не престојува кај нејзините биолошки родители, а Роберт не успеал да ја смири, затоа што постојано бегала од дома. Во февруари во 1997 година, таа се омажила за нејзин школски другар Џереми Вик. Имала само 18 години кога го добиле синот Севин. Од тогаш работи во кол-центар и има родено шест деца, со 4 различни татковци.
Текстот Кимберли ја замениле како бебе, а по неколку децении открива низ каков пекол минала е превземен од Reporter.mk.