Кинеска компанија ќе снима римејк на култен партизански филм

 

Во Пекинг е потпишан договор за снимање римејк на воениот филм „Мост“ во режија на Хајрудин Шибе Крвавац од 1969 година.

Договорот е потпишан меѓу кинеската компанија Huahua media, Dandalion Production Inc. од Лос Анџелес и Филмскиот центар Сараево, како сопственик на филмот.

Со римејкот на филмот, со користење на најсовремени техники на седмата уметност, ќе биде направен обид да се создаде нов филмски еп достоен на оригиналот.

Исто така, било разговарано за римејк и на филмот „Валтер го брани Сараево“.

Почетокот на снимањето на „Мост“ е планирано на почетокот на следната година.

Текстот Кинеска компанија ќе снима римејк на култен партизански филм е превземен од Reporter.mk.