Кинески функционер рекордер во корупција, во подрумот чувал 13,5 тони злато

Кинеската полиција го упасила Џанг Чи, поранешен градоначалник во градот Данџоу и шеф на комунистичката партија во провинцијата Хајнан, откако во неговиот подрум било најдено злато од 13,5 тони.

Покрај златото, полицијата открила и пари во разни монети чија вредност е проценета на околу 34 милијарди евра. Џанг Чи во текот на својата богата политичка кариера бил и генерален секретар на Комунистичката партија во три градови на југот на Кина. Златото и парите биле најдени во неколку луксузни вили.

Вилите на Џанг биле изградени на вкупна површина од неколку илјади квадратни метри. Истрагата против него е покрената по налог на Централната комисија за проверка на дисциплината, највисокиот дисциплински орган на Комунистичката партија и Националната комисија за надзор, највисокото кинеско тело за борба против корупција.

Во еден од тајните подруми во една од вилите, кои медиумите го нарекле пештерата на Али баба, биле пронајдени 13,5 тони злато во златни плочки, накит во разни облици како и големи количини пари во јуни, долари и евра. Вкупниот износ се проценува на околу 268 милијарди јуни, или околу 34 милијарди евра.

Вредноста на запленетото злато се проценува на 868 милиони долари. Чи поседува и неколку луксузни вили чија површина изнесува неколку илјади квадратни метри. Поради ваковиот вид на корупција, на Чи му се заканува смртна казна. Експертите проценуваат дека парите и богатството најдени во подрумите на Чи, можат да ја спасат Грција од финансиската криза, која турна повеќе од илјадници луѓе во голема сиромаштија.

 

 

 

Текстот Кинески функционер рекордер во корупција, во подрумот чувал 13,5 тони злато е превземен од Reporter.mk.