Кинески хороскоп: 2020 – година на стаорецот

2020 е кинеска година на белиот метален стаорец. Оваа лунарна година почнува на 25 јануари 2020 и завршува на 11 февруари 2021 година, а се верува дека белиот стаорец носи просперитет.

2020 година ќе биде година на можности за кинескиот животински знак стаорец. Следната година за стаорците ќе биде прекрасна и забавна. Сè ќе работи во ваша корист. Но, немојте да станете премногу мрзливи и да почнете да го сфаќате животот несеризно или здраво за готово.

Годината ќе биде посебна за сите родени во годините на владеењето на стаорецот. За нив 2020 ќе биде година на големи промени. Ќе има многу тешкотии, но ако истраете и преземете ризик, „стаорецот“ великодушно ќе ви возврати.

Не вреди да ризикуваат оние кои се родени за време на владеењето на змејот во 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000 година. Следната година ќе ви помине мирно и стабилно. Одвојте време за себе: патувајте или следете го омиленото хоби.

Ако сакате да ја фатите „среќата за опашка“ за луѓето родени во кинеската година на змијата: 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, потребно е да се ослободите од лошите животни навики.

Оние што се родени во годината на мајмунот можат да очекуваат да свијат семејно гнездо, да обезбедат покрив над главата, а може да очекуваат и бебе.

2020 ќе биде полна со задоволство и пријатни моменти за оние родени во кинеската година на кучето: 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006 година.

За сите оние родени под знакот на владеењето на волот: 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997  можат слободно да се релаксираат. Тие можат да успеат во сè, иако не ги очекуваат големи промени.

Текстот Кинески хороскоп: 2020 – година на стаорецот е превземен од Reporter.mk.