Кинески научници успеале да направат нешто што со илјадници години не им одело од рака на голем број на алхемичари. Кинезите од обичен бакар успеале да создадат злато.
Група научници од институтот за физичка хемија „Далијан“, објавиле истражување во научно списание, во кое ја објасниле постапката како бакарот успеале да го претворат во материјал кој е речиси идентичен на злато и сребро.
Во научниот труд, се истакнува дека новиот материјал на база на евтин бакар, може да го замени скапоценото злато и сребро во производството на електронски уред, кој бара значителна количина од овој материјал.
Текстот Кинезите од бакар успеаа да создадат злато е превземен од Reporter.mk.