Кирибати со секој минат ден исчезнува од лицето на земјата

Кирибати е островска држава која се состои од 33 острови (од кои само 20 се населени) и е позната по тиркизното море, рајските плажи, а однеодамна и како првата жртва на раст на нивото на океаните поради глобалното затоплување.

Кирибатите е остров на кои живеат 114.000 луѓе. Научниците велат дека буквално овој остров тоне во океанот. Селата се покриваат со морето од ден во ден, зависно од годишната доба и струја, која полека голта се пред себе. Зградите и она малку обработлива земјена површина кои жителите од островот со генерации ја култивирале, полека исчезнуваат.

Конзервативните проекции на еколозите кои се занимаваат со глобалното затоплување велат дека досегашното затоплување на глобално ниво од само половина степен, е причина за апокалипсата за народот кој од неодамна го доби прекарот „климатски бегалци“.

Научниците велат дека може само да се претпостави што би се случило кога земјината атмосфера на глобално ниво би се загреала за планираните 1,5 до 2 степени целзиусови.

Уште од 2008 година, тогашниот претседател Анто Тонг, изјавил едка дошле до точка од која нема враќање. Вели дека е болно да се планира денот, кога буквално повеќе нема да има своја земја, а во 2013 година, тој изјави дека е време за планирање на масовна миграција.

Колку ситуацијата навистина е сериозна покажува дека Тонг во 2014 година, купил 20 квадратни километри земја, на островот Ван Лебу (Фиџи) оддалечен 2000 километри, каде планирал да ги пресели жителите, кога морето ќе го проголта целото село. Во моментов во тој регион се одгледува голема количина на храна.

„Се почестите големи плими и жестоки бури, поплави, екстремни суши, се дополнителен проблем со кој жителите досега се немаат соочено. Порастот на нивото на морето, ги загадува нашите извори на плитка вода, земјата ја прави ненаселива, затоа што на неа повеќе не може да се одгледуваат ниту кокос, а нашите брегови се менуваат од ден на ден. Ладнокрвно ни говорат дека треба да се подготвиме да го напуштиме нашиот остров, нашиот дом, место каде што нашите покојни предци и каде нашите деца имаат дом и идентитет“, пишува во својот коментар на социјалните мрежи Анто Тонг.

Тој се осврна на лицемерието на големите и моќни лица, затоа што поради нивната инерција, секогаш прво страдаат сиромашните.

„Не само што Америка се повлече од Парискиот договор за климатските промени, туку се зборува дека тоа ќе го направи и нашиот „голем брат“, еден од најлошите загадувачи на планетата, Австралија. Тие се една од ретките држави чија емисија на гасови не опаѓа, не стагнира, туку напротив расте и со тоа покажува дека воопшто не им е грижа за народот и државите на Пацификот, нивните први комшии. Исто како и САД, Австралија потфрли како регионален лидер и заштитник“, вели Тонг.

Земјата која туристите поради природните убавини и начинот на живот ја опишуваат како „рај на земјата“, сега гради бетонски блокови за да го спречи продорот на морињата, но истовремено ја влошуваат ерозијата на плодното тло.

Плажите по големите плими им се преплавени и закопани под наслагите ѓубре. Во буквалното спасување на земјата, е вклучена и Светска банка, која забрзано вложува во проектите околу кои експертите често не можат да се согласат. Додека едни се за изградба на ѕид, други тврдат дека треба земјата да се покрие со земја и да се насади мангрова шума. Но, сето тоа, како што вели Тонг е пребаво и за жал се чини дека е задоцнето.

Немаат повеќе доволно пари за да купат храна, која од ден во ден им е се повеќе и повеќе потребна. Немаат ниту плитка вода. На главниот остров кој од авион изгледа како тенка црта на земјата, постои само еден пат кој се почесто се поплавува од надојдената вода.

Некои од домовите се наоѓаат опкружени со море, кое потоа го повлекува песочното тло на кое се наоѓаат градежните објекти. Жителите кога ќе заминат на поле, сваќаат дека морската вода ги натопила и посевите.

Некои од семејствата се имаат исселувано во повеќе наврати, убедени се дека на другиот крај од островот ќе пронајдат мир. Но, морето секогаш ги стигнува. Додека Сиријците бегаат од војна, Кирибачаните бегаат од климатските промени.

Текстот Кирибати со секој минат ден исчезнува од лицето на земјата е превземен од Reporter.mk.